ССМ НА ДЕНОТ НА ТРУДОТ – 1 МАЈ ОРГАНИЗИРА ПРОТЕСТ ПОД МОТОТО „РАБОТНИЦИТЕ СЕ ДРЖАВАТА

WEB Телевизија во живо

Сојузот на синдикатите на Македонија со повик до работниците, граѓаните и синдикатите за протест на 1-ви Мај. Протестот, што ќе почне во 12 часот пред зградата на ССМ, се организира поради неправдите кон работниците.
 
– Сметаме дека покачувањето на функционерските плати за 78 проценти или по 2.000 денари дневно, воведувањето на 12 часовен работен ден за голем број работници, тоа што ги излажаа вработените во здравството и што не им ги зголемија платите, тоа што не го склучија општиот колективен договор за јавен сектор со кој секој вработен ќе има право на К-15, се доволен мотив и повеќе од причина да се излезе на протест на улица и да се изрази незадоволството!, порачува ССМ во повикот за учество на протестот.
 
Сите заедно, работници, синдикати, граѓани и синдикалци, истакнува Синдикатот, треба да застанеме и да покажеме единство и солидарност и да ги спречиме намерите и лошите владини политики.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *