СО ПРЕТСТАВАТА „ШЕКСПИР НЕМА ДА СЕ ЛУТИ“ ДРАМСКАТА ГРУПА „ДОН КИХОТ“ ОСВОИ ГРАН ПРИ НА ФЕСТИВАЛОТ „УТРИНСКА ЅВЕЗДА“ ВО БАНСКО

WEB Телевизија во живо

Од 8 до 12 април во Банско, Република Бугарија се одржа Интернационалниот фестивал на уметности „Утринска Ѕвезда“. Над 2500 деца од Грција, Украина, Македонија,Бугарија, Турција, Шпанија, Франција … го презентираа, пред стручното жири, својот уметнички талент во 8 различни области, музика, театаро, сликарство, танцо, акробатика и фотографија.
 
На овој престижен и веќе докажан фестивал, аматерската драмска група од Гевгелија „Дон Кихот“ како да е претплатена да ги освојува највисоките награди. До сега тие имаат освоено четири први места, а оваа година со претставата „Шекспир нема да се лути“ тие се надминаа самите себе освојувајќи го Гран Прито на фестивалот, првото место како и наградата за најдобра сценска изведба.
Уште еднаш членовите на „Дон Кихот“ покажаа раскошен талент и професионализам, кој очигледно е пресуден за да се освојуваат награди на фестивалите.
 
Инаку, претставата напишана од Стефче Стефанов се однесува за една театарска група која го подготвува за поставување познатото дело на Вилијам Шекспир „Ромео и Џулиета“ а е во режија на Даниела Џишева. Целото дејство е пред почетокот на претставата, односно како и што прават актерите пред почеток на претставата.
 
Како што ни изјави Тони Аврамов, техничкиот соработник на оваа драмска група, оваа година фестивалот во Банско, за разлика од другите години, се одвивал како концепт-работилници или со други зборови кампови кои обезбедуваат можност за талентираните деца целосно да ги изразат своите таленти поврзани со уметноста, да ги разменуваат своите уметнички искуства, а воедно да ги популаризираат своите национални културни вредноси.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *