ОДБЕЛЕЖАН 26-ТИ АПРИЛ, ДЕНОТ НА ИЗЛЕГУВАЊЕТО НА ПРВИТЕ ПАРТИЗАНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА И ГЕВГЕЛИСКО

WEB Телевизија во живо

Денеска, со полагање свежо цвеќе на спомениците на народните херои, како и пред Спомен костурницата во центарот на Гевгелија беше одбележана 80 годишнината од Денот на излегувањето на првите партизани во Гевгелиско – 26 април. Цвеќиња положија делегации на општинската организација на СЗБ од НОВ-Гевгелија на претставници на политички партии и граѓански здруженија.
 
Пред присутните, за значењето на овој датум зборуваше претседателот на Општинската организација на борците и следбениците на НОБ, Ристо Марковски кој нагласи дека овој ден треба да се слави бидејќи е многу значаен за историјата на Гевгелија, како и на Македонија, затоа што со учеството во Втората светска војна, на страната на Антифашистичката коалиција, се оствари вековната желба за самостојна македонска држава.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *