НОВ ГРАДСКИ ПАРК ЌЕ НИКНЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА НА ПОВРШИНА ОД ШЕСТ ИЛЈАДИ КВАДРАТНИ МЕТРИ

WEB Телевизија во живо

Одговарајќи на советничкото прашање на советникот Сашо Проданов околу тоа кога ќе се започне со изградбата на нов градски парк во Гевгелија, градоначалникот Андон Сарамандов истакна дека уште при донесувањето на Предлог буџетот за оваа година беше спомнато дека се испитуваат четири локации од страна на проектантите.
 
Сега, рече Сарамандов , може да информирам дека веќе е изработена проектна документација и е распишана тендерска постапка за изградба на нов градски парк. Истиот е предвидено да се реализира на просторот пред т.н „социјални згради“, на Булеварот Гевгелија кон населбата „Караорман“.
Овој парк ќе зафаќа површина од 6.000 квадратни метри, и во него, потенцираше градоначалникот, освен детската урбана опрема и придружните содржини, предвидена е и изградба на терен за мини голф.
 
Инаку, истакна тој, со Урбанистичкиот план, на тој простор беше предвидено изградба на станбени згради, но фактот дека во градот има премалку зелени површини беше решавачки, да одлучиме, на овој простор да се изгради нов градски парк кој ќе служи за одмор и рекреација на граѓаните на Општина Гевгелија и нивните деца.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *