ЈАВНА ТРИБИНА: „СЕКОЕ ДЕТЕ СО СВОЈАТА АВТЕНТИЧНОСТ“

WEB Телевизија во живо

Во рамки на проектот: „Секое дете со својата автентичност“ што го спроведува ОО Црвен крст- Гевгелија во соработка со и поддршка од Општина Гевгелија, утре (25 април 2023 година), ќе се одржи локална трибина. Трибината ќе биде одржана во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот.

На трибината се поканети да учествуваат претставници на невладини организации кои делуваат на подрачјето на општина Гевгелија, претставници на општинската администрација, родители и деца, со цел споделување лични искуства на панел-дискусијата. Обраќање ќе имаат секретарот на ОО Црвен крст- Гевгелија, Лазар Мешков и стручните соработници- Ружица Икономова ,Мери Кузманова, Мери Ангелова, Елисавета Карастојанова и Анета Карапеева. Исто така на трибината ќе се обратат со свој збор и двајца родители.
 
Со ова, всушност, започнуваат активностите од проектот на ОО Црвен крст- Гевгелија и Општина Гевгелија, преку кои за потребите на децата и нивните родители, користејќи ги сите ресурси, им овозможуваат стручно советување, психолошка помош и поддршка во процесот на детскиот развој.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *