АНСАМБЛОТ БОЈМИЈА СО УШТЕ ЕДНО „ГРАН ПРИ“ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ МУЛТИКУЛТУРЕН ИЗВОРЕН ФЕСТИВАЛ „ВЕЛИГДЕНСКИ СРЕДБИ“ ВО ОРАОВИЦА

WEB Телевизија во живо

„Ансамблот Бојмија“ уште еднаш го докажа својот квалитет во изведбата на македонскиот изворен фолклор. Со сценската поставка „Посеље“ тие ги освоија срцата и на публиката и на жирито, со што заслужено освоија „Гран При“на овогодишното издание на Интернационалниот мултикултурен изворен фестивал „Велигденски средби“.
 
Фолклорниот фестивал „Велигденски средби“, оваа година го имаше своето 18 –то издание, а се одржа од 15-17 април во манастирскиот комплекс „Св. Ѓорѓи“, во непосредна близина на с. Ораовица.
На фестивалот настапија домашни и странски културно-уметнички друштва од Македонија, Косово и Бугарија.
 
Фестивалот е од изворен карактер и на него се преставуват обичаите, игрите и носиите на секое друштво од кај што доаѓаат. Организатор на Фолклорниот фестивал е ансамблот ,,Китка“ од село Ораовица.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *