АНДОН САРАМАНДОВ :

WEB Телевизија во живо

ЗАВРШЕНИ СЕ 84 ПРОЦЕНТИ ОД ИЗГРАДБАТА НА НОВАТА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА.
 
Денес заедно со претставници од секторот за урбанизам од општина Гевгелија, претставници од ЈПКД Комуналец Гевгелија и надзорот на проектот, Градоначалникот Андон Сарамандов изврши увид во градежните активности за изградба на атмосферската канализација во централното градско подрачје.
 
Од страна на надзорот тој беше информиран дека во следниот период ќе започне и изградбата на атмсферска канализација крак 2 – на потегот од железничката станица до градската библиотека.
Вкупната должина на новата атмoсферска канализација изнесува 6.500 метри и се поставува на една третина од територијата на Гевгелија. До овој момент се завршени 84 проценти и проектот влегува во завршна фаза на реализација.
 
Уште еднаш тој повика на трпение кај гевгеличани бидејќи динамиката на работа ја одредуваат правилата во градежништвото. Започнато е со интензивно затварање и асфалтирање на ископаните улици и ровови.
Нашата цел, истакна Сарамандов, е зад нас да оставиме реализиран проект со долгогодишен бенефит и затоа изградбата треба и мора да биде квалитетна по сите стандарди.
 
Тој ја искористи оваа прилика на сите граѓани на општина Гевгелија да им го честита Велигден и да им посака здравје, спокој и многу радосни моменти во животот!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *