22 АПРИЛ-ПРАЗНИК НА ПОШТЕНСКИТЕ РАБОТНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА

WEB Телевизија во живо

Честитки по повод празникот на над 2000 вработени во Македонски пошти. На сликите се сегашната пошта во Гевгелија и поштенската зграда од 1927 година.

Македонска пошта е јавно претпријатие кое врши дејност на јавен оператор во внатрешниот и во меѓународниот поштенски сообраќај на Република Македонија, согласно Законот за поштенски услуги. Формирано е со поделба на поранешното претпријатие ПТТ (Пошта-телефон-телеграф) на Македонска пошта и Македонски телекомуникации на 1 јануари 1997. Македонска пошта има повеќе од 2000 вработени и над 300 единици на поштенска мрежа на целата територија на Република Македонија.

Денот на македонските поштенски работници се прославува од 22 април 1920 година кога престана да функционира поштенско -телеграфскиот сообраќај во Македонија.
Од 4 октомври 1913 година на релација Гевгелија-Белград била воспоставена подвижна пошта, а од 1914 година започнала да работи амбулантна пошта Белград-Гевгелија и Гевгелија-Ниш. 

Покрај овие пошти во транспортот на поштенски пратки бил користен и возот Ориент експрес кој сообраќал на линија Париз-Скопје-Солун-Цариград а поминувал низ Гевгелија.
Во 1964 година железницата и подвижната пошта биле целосно напуштени, а поштенскиот сообраќај се одвивал со сопствени автофургони.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *