„ЗА ТЕБЕ ЉУБОВ МОЈА“, ПОЕТСКО- МУЗИЧКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА ПОСВЕТЕНА НА ЖЕНАТА,КОЈА СО ВРЕМЕ СТАНА СВОЕВИДЕН КУЛТУРЕН БРЕНД НА ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

И годинава, жената во Гевгелија се чествуваше со стихови и музика во рамките на традиционалната 21. по ред поетско-музичка манифестација „За тебе љубов моја“.
 
„Оваа вечер ви ја посветуваме вам, драга и верна публико, кои 21 година верувате во нас, верувате во љубовта кон музиката и стиховите и не инспирирате да продолжиме и натаму. Сите овие години , ние сме како едно семејство, заедно се радуваме, заедно споделуваме среќни и тажни моменти, а секој еден отпеан стих и напишана песна е нечија судбина, ваша и наша. Горди сме што и вечерва докажавте со вашето огромно присуство дека Гевгелија ја сака уметноста, и дека оваа манифестација стана културен белег на нашиот град.“
 
Со овие зборови, Даниела Џишева, професорка по македонски јазик, која заедно со својот колега Тони Аврамов, преку Здружението „Од станица до граница“, годинава ја организираше, поетско-музичката вечер, синоќа, во пресрет на 8 Март, Денот на жената, на многубројните вљубеници во поезијата и музиката во хотелот „Аполонија,“ им посака добредојде.
 
Љубовни стихови читаа: Тони Аврамов, Даниела Џишева, Александра Ќаева, Ламбрина Лазаревска, Катица Џишева Дупарова, Мирјана Чамџиќ, Бојан Алексов, Мери Олумчева, Светлана Стојковиќ, Бисерка Макревска, Љупка Урумова, Стефчо Стефанов, Силвестер Проле, Каме Ќаев и Петар Јанчев.
Во музичкиот дел, учествуваа: Aлександар Стојанов, Цветанка Демерџиева, Елена Поп-Костова, Ања Поп-Костова, Теодора Гошева Капсарова, Филип Ангов и Зоран Кондурџиев.
 
Да потсетиме дека овој поетско музички омаж за жените и љубовта го започна своето живеење во 1995 година.
За почетокот на манифестацијата, која тогаш го носеше насловот „Кога мажот ја сака жената“ еве што своевремено изјави, еден од зачетниците, сега веќе покојната Слободанка Дуева, која 30 години беше директор на Библиотеката „Гоце Делчев:
„Идеен творец на оваа манифестација беше театарскиот работник Ристо Мурџев. Тој, еден ден дојде и ми предложи да направиме нешто поинакво празнување на 8 Март, наместо со јадење и пиење, тоа да го направиме со убава музика и поетски стихови посветени на жената, од домашни и странски автори. 
 
Во организацијата беа вклучени библиотеката „Гоце Делчев” од Гевгелија и тогашната телевизија „Канал 12″ (сегашна ТВ НОВА 12), во која тогаш работеше Тони Аврамов. Би ги споменала уште и Јордан Јанев, Александар Стојанов, но и многу други. Можам слободно да речам дека, со текот нас времето „За тебе љубов моја“ стана најпосетувана поетско музичка манифестација и пример за другите слични манифестации во Македонија.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *