ВО 2022 ГОДИНА РАБОТАТА НА ОСНОВНИОТ СУД ГЕВГЕЛИЈА Е ОЦЕНЕТА КАКО АЖУРНА

Според годишниот извештај за работата на судовите на Судскиот совет во 2022 година од вкупно 27 основни судови низ земјава ажурни се 14, а неажурни 13. Ваквата оценка е врз основа на разликата меѓу бројот на примени и решени предмети во годината. Односно судовите кои решиле повеќе од примените предмети во текот на годината се ажурни, додека, тие кои не успеале и го зголемиле бројот на заостанати предмети се неажурни. Како ажурен се оценува Основниот суд Гевгелија
 
Основниот суд Гевгелија месец јануари 2022 го започнал со нерешени 468 предмети, примил во работа нови 11968 предмети, имал вкупно во работа12.463 предмети. Од овој фонд на предмети решени се 11.969, а останале нерешени 467 предмети.. Според наведените податоци Основниот суд Гевгелија го совладал приливот на предмети и го намалил заостатокот за 1 предмет. Во 2022 година Основниот суд Гевгелија се оценува како АЖУРЕН.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *