ВЕЧНА ТИ СЛАВА, САВА МИХАЈЛОВ, УЧИТЕЛЕ, ГЕВГЕЛИСКИ ВОЈВОДО И БОРЕЦ ЗА СЛОБОДАТА НА МАКЕДОНИЈА

WEB Телевизија во живо

На 1 март 1905 година, во нерамноправната битка меѓу комитите и турскиот аскер, која се одиграла на месноста Голема Рудина кај селото Смол, гевгелиско, војводата Сава Михајлов, откако ги потрошил сите куршуми, испива отров за да не падне жив во рацете на Турците.
 
Моето име е Сава Михајлов,роден сум во с.Мачуково,Гевгелиско, 1877 година. Вака го започнува својот Дневник,учителот, војводата и борецот за слобода на Македонија, Сава Михајлов-Савата.
Образованието го започнал во родното село,а потоа продолжил до 4 клас во Цариград до 1892 година. Во Солунската гимназија учел од 5-7 клас (1892-1895 год.).
 
Во 1895 година бил назначен за учител во с.Кавадарци,потоа во 1896 во с.Рикита и во с.Неготино до 1897 година. Во 1898 год. бил префрлен во с.Богданци (Гевгелиско),а потоа и во Гевгелија до 1900 година. Во 1901 год. преминал во четата на Јане Сандански, учествувал во грабнувањето и земањето пари за Мис Стон.
 
Потоа заминува во Софија,каде претстојува до 24 јануари 1902 год. со Крсто Асенов и Јане Сандански. Во Македонија се вратил на 6 април заедно со Сандански каде останува до крајот на мај. За време на Илинденското востание, неговата чета заедно со четата на војводата Аргир Манасиев, организирале диверзија на железничкиот мост на реката Вардар, кај Гевгелија.
 
На 1 март 1905, четите на Сава Михајлов и Апостол војвода се нашле опколени од 500 души турски аскер, откако претходно биле предадени на Турците од страна на овчари Арнаути.
Нерамноправната битка меѓу комитите и турскиот аскер се одиграла на месноста Голема Рудина кај селото Смол, гевгелиско.
Борбата траела 5 часа, и комитите се бореле до последните куршуми.
Војводата Сава Михајлов откако ги потрошил сите куршуми, испива отров за да не падне жив во рацете на Турците.
 
Од вкупно 43 комити од двете чети, единствени кои успеале да го пробијат турскиот обрач и да останат живи се Апостол војвода и еден негов комита.
Војводата Сава Михајлов заедно со 40 комити го положува животот за слободата на Македонија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *