СТЕФАН МАРКОВСКИ СО РАСКАЗОТ „ЈАМАТА“ ГО ОТВАРА ПРВИОТ БРОЈ НА СПИСАНИЕТО „СОВРЕМЕНОСТ“ ЗА ОВАА ГОДИНА

Излезе од печат најновиот број на списанието за литература, култура и уметност „Современост” за 2023 година. 
Во првиот број се вклучени 21 статиja на 114 страници: два прилога проза, шест прилози поезија, три приопштувања, пет прилози од рубриката интерпретации, четири рецензии и афоризми.
 
Бројот е отворен со расказот „Јамата“ од Стефан Марковски и „Пригушени осцилации“ од Станка Бајлозова Барламова. Потоа следи избор поезија од: Васил Дрвошанов, Мирјана Тренчева, Иван Стојановски, Марина Икономова Шокева, Никола Алтиев и Софија Добреска.
 
Преведен и извадок од романсиерското творештво на славниот автор на готскиот хорор роман „Дракула“ Брам Стокер, како и од поезијата на современиот перуански поет Емилио Мартин Паз Панана и современата кинеска енциклопедистичка поетеса Јин Џиојуан се сместени во рубриката Приопштувања.
Васил Тоциновски и младите македонистки Верица Мукоска, Симона Анакијевска, Моника Колева и, библиотекарката Елена Станкоска се застапени со статии во рубриката Интерпретации.
 
Во рубриката Вреднувања се застапени рецензии од: Славчо Ковилоски, Никола Алтиев, Јованка Денкова и Андреј Медиќ Лазаревски.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *