СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА СО ЗДРАВСТВЕНИ СТРУКИ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА МОЖАТ ДА ЗАПИШУВААТ ВОНРЕДНИ УЧЕНИЦИ

WEB Телевизија во живо

Во средните училишта во државава кои имаат насоки од здравствена струка повеќе не ќе може вонредно да се запишуваат ученици. Од Министерството за образование и наука потврдија дека во овие училишта е пратен допис со кој се бара запишувањето вонредни ученици да се стави во мирување.
 
Досега вонредно можеше да се заврши средно образование за медицинска сестра, фармацевтски техничар и за други профили од здравствена струка.
Неофицијално, заинтересирани се најчесто кандидати со завршено средно образование, кои се преквалификуваат со намера да стекнат диплома во овие области и да конкурираат за работа во странство.
МОН не ја прецизира причината за оваа одлука, но посочува дека таа е донесена за да се заштитат националните интереси.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *