СОУ „БОГДАНЦИ“ СО ДОДЕЛУВАЊЕ ПРИЗНАНИЈА НА ПОЕДИНЦИ, СТОПАНСТВЕНИЦИ И УЧЕНИЦИ ГО ОДБЕЛЕЖА СВОЈОТ ПАТРОНЕН ПРАЗНИК

25 години спомени. 25 години спој на генерации. 25 години мисија на знаење, квалитет, автентичност, оригиналност. СОУ „Богданци“ одбележа еден значаен ден, ден на кој ја овековечи 25- годишнината од Патрониот празник.
 
По тој повод беше одржана пригодна културно-уметничка програма во Дом на култура „Бранд Петрушев“, на кој беа доделени признанија на истакнати поединци, стопанственици и ученици, а беше промовирана и пригодната Монографија за училиштето.
 
СОУ„Богданци“ – Богданци е добитник на гранд од првиот повик на Регионалниот фонд за предизвици, за проектот „Поглед во мојата иднина“. За таа цел на претставниците од компаниите и координаторот на проектот им беа доделени плакети во знак во благодарност за успешна соработка и придонес во развојот на училиштето.
 
Плакети примија: 1. ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА ПД – ГЕВГЕЛИЈА 2. ПЗУ РОЈАЛ МЕДИКА – БОГДАНЦИ 3. ЗУПЛ НЕГОРСКИ БАЊИ – АД 4. АЛФА ПРОЕКТ – ГЕВГЕЛИЈА 5.ЕУРОИНГ – ГЕВГЕЛИЈА 6. МАНСАРД– ГЕВГЕЛИЈА 7. ИНТЕРА ЈОВАН ДООЕЛ – ГЕВГЕЛИЈА 8. ЏОКЕР ДООЕЛ – с. ФУРКА, ДОЈРАН 9. ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ – ВАЛАНДОВО 10. СНЕЖАНА САРАМНАДОВА- Координатор на проектот
 
Училиштето му додели плакета на нивниот поранешен ученик Валентино Кошелни за успешната соработка и придонесот во културниот развој на нашето училиште.
Училиштето им додели медали на овогодинешната победничка екипа на училишниот турнир во футсал, составена од Ристе Картелов, Иван Брљамов, Димитар Делиџаков, Душан Каркалашев, Стојанче Наумовски и Ѓорге Зафировски.
 
На поранешните и сегашни ученици вклучени во издигнувањето на музичката култура, училиштето им доделува признание за негување и афирмирање на културните вредности од областа на музиката и оркестарско свирење. Наќе Балтаков, Моника Иванова, Рајна Лазарова, Росана Карапуцева, Дамјан Димитров, Ѓорге и Феникс Енџекчеви, Мите Карапуцев, Танче Петров, Ивана Чавдарова, Мирјана Чавдарова, Александар Спасов, Мартин Илиев и Слободанка Арнаудова.
 
По повод 25 години средно образование во општина Богданци училиштето издаде Монографија, која ја промовираше писателот и професор Стефче Стефанов.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *