СОУ „БОГДАНЦИ“ ГО СЛАВИ СВОЈОТ ПАТРОНЕН ПРАЗНИК И 25 ГОДИНИ ОД ВОВЕДУВАЊЕ СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ ВО БОГДАНЦИ

WEB Телевизија во живо

РОСИЦА ШАБАНОВА, ДИРЕКТОРКА: „НИЕ СМЕ МОДЕРНО УЧИЛИШТЕ ВО КОЕ СОЗДАВАМЕ ЛИЧНОСТИ СО ВИСОКИ ВРЕДНОСТИ КОИ ГИ ЗНААТ СВОИТЕ ПРАВА И ОДГОВОРНОСТИ.

Денес, СОУ „Богданци, со свечена културно-уметничка приредба во Дом на култура „Бранд Петрушев“, со почеток во 19 часот, ќе го прослави својот патронен празник, како и 25 години од постоењето на средното образование во оваа општина.
 
Имено, во 1998 година како истурени паралелки на СОУ „Јосиф Јосифовски“, во Богданци своето средно школување го започнаа 130 ученици поделени во 4 класа, 2 класа општа гимназија и 2 класа отсек кувар/келнер. На овие 4 класа се додаде и уште еден клас ученици кои беа запишани претходната година во Гевгелија.
 
Патрониот празник пак се слави по повод 9-ти март 2006 година, кога е донесена одлука на Владата на република Македонија за осамостојување на СОУ “Богданци” Богданци како самостоен правен субјект. Во ова средно училиште, во учебната 2022/2023 покрај постоечкото Гимназиско образование, Сообраќајната, Здравствената, Градежно геодетската и Текстилно кожарската струка се воведе и Електротехничка струка четиригодишно образование за образовниот профил електротехничар – енергетичар / електротехничар за компјутерска техника и автоматика.
 
По повод патрониот празник, директорката на СОУ „Богданци“, Росица Шабанова ни изјави
„ Овие изминати години сме сведоци на многу моменти, настани, знаења и успеси, и сите тие говорат за нашата долгогодишна пожртвуваност и посветеност кон остварување на што подобри резултати.
Нашата мисија може да речам дека е реализирана.Заеднички се движиме кон реализирање на нашата визија да создадеме ефективно и модерно училиште во кое ученикот и неговите потреби ќе бидат во центарот,преку интерактивна соработка меѓу учениците, наставниците и родителите. Да опстоиме како училиште со здрава клима и пријатна атмосфера за работа во кое ќе создаваме личности со високи вредности кои ги знаат своите права и одговорности, ќе го негуваме меѓусебното почитување и толеранција и ќе градиме взаемна доверба и почит.
 
Училиштето има потенцијал во создавањето вредности во образованието, науката и културата, како најважни елементи на духовната сила и просперитет на нашата држава“.
Нека ни е честит и вечен патрониот празник !

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *