СО ПРОЕКТОТ „ИНОВАЦИИ, РАЗВОЈ И ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЗЕМЈОДЕЛСКИОТ СЕКТОР“ ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ ПРОМОВИРА ПРЕТПРИЕМАШТВО КАЈ МЛАДИТЕ, НОВИ АГРО БИЗНИСИ И ПАМЕТНО ЗЕМЈОДЕЛСТВО

WEB Телевизија во живо

Во Гевгелија, на прес конференција беше претставен проектот „Иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор“ со акроним „IDEAS“, кој го имплементира Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија, во партнерство со Американското земјоделско училиште од Солун, Грција и Мрежата за рурален развој на РСМ од Скопје.
 
Во своето воведно обраќање Градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов истакна дека локалната самоуправа секогаш поддржува и промовира новитети, иноваци и технолошки решенија, особено во развој на земјоделството, за кое во Општина Гевгелија постојат идеални климатски погодности. Со овој проект ќе се врши и мониторинг на атмосферските влијанија и климатските промени а се со цел подобрување на квалитетот и зголемување на приносот во Земјоделското производство.
 
Проект менаџерот Ристо Атанасовски истакна дека проектот„IDEAS“ кој е со вредност од 6.497.000 денари, а ќе трае од месец март до месец декември 2023 година се стреми да понуди решенија на идентификуваните предизвици преку промовирање на претприемништвото кај младите со цел да се создадат нови одржливи агро – бизниси. Помеѓу другото, тоа ќе се спроведува и со изучување и стекнување знаења за примена на податоци собрани од сензори, коишто податоци подоцна се анализираат од софтвер и се превземаат потребните активности за постигнување на посакуваните цели.
 
Активностите се спроведуваат како дел од проектот „IDEAS“ кој што е аплициран во Вториот повик на ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка “Грција – Република Северна Македонија, за програмскиот период 2014 – 2020” и е финансиран од Европската унија и националните фондови на земјите учеснички.
 
Проектот „IDEAS“ на присутните им го презентираше Глигор Тодоров од ГМ МЕТЕО, метереолошка софтверска компанија која се занимава со низработка на сервис на временска прогноза, софтвери за метео прогноза за смарт системи во земјоделството и негова дигитализација. Паметното земјоделство, истакна то лопсе однесува на употреба на информатички технолошки сензори технологија, системи за локација, роботи и вештачка интелегенција. Во склоп на проектот ќе бидат поставени ЛОРА-метео станици на повеќе места во општината, преку кои ќе се врши мониторинг на атмосферските влијанија и временските промени врз земјоделското производство.
 
Покрај тоа, ќе бидат организирани и обуки за воведување на добра земјоделска пракса, за безбедност на храна, за системи со управување со HACCP и ISO 22000, како и за обуки за стратешки менаџмент, финансиски менаџмент, управување со ресурси и инвентар, мониторинг, аналитика, известување од аспект на проекти од областа на земјоделството, агротуризам, рурален развој.
 
Времетраењето на проектот е предвидено од месец март до месец декември 2023, во кој период ќе бидат изработени веб платформа, мобилна и компјутерска апликација.Се очекува, со проектот да се обучат 20 лица кои ќе ги зајакнат своите деловни капацитети, како и 5 вработувања за квалификувани лица од секторот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *