СЕ ОДРЖА ПРВИОТ МЛАДИНСКИ ШАХОВСКИ ТУРНИР ВО ГЕВГЕЛИЈА

ПРВИТЕ ТРИ МЕСТА ЗА КРИСТИЈАН КАВАЗОВ, ЕФЕ ИБРАИМОВ И ИЛИЈА ВЕЛКОВ
 
Во организација на Шаховскиот клуб „7-ми Ноември“ во нашиот град се одржа првиот шаховски „Младински гранд при 2023“ турнир. На овој турнир учество зедоа 14 млади шахисти од Гевгелија и Валандово.
 
По одиграни 7 кола по швајцарскиот систем,најдобар беше Кристијан Кавазов со 7 поени. Второто место, со 6 поени, го освои Ефе Ибраимов, додека третопласиран со 4 освоени поени беше Илија Велков.
 
Своето задоволство не го криеше и претседателот на клубот Пепи Танчев, кој истакна дека од самото отварање, една од главните приоритети на клубот беше грижата и едукација на младите. 
 
Па во тој контекст клубот реши, почнувајќи од месец Март, секој месец организира вакви турнири, за да на крајот на годината се добие најдобриот младинец шахист од Општина Гевгелија. Право на настап на овие турнири ќе имаат сите млади од 5 па се до 9 одделение, или оние кои се родени 2008-2012 г.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *