ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ГЕВГЕЛИЈА: „ИНОВАЦИИ, РАЗВОЈ И ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЗЕМЈОДЕЛСКИОТ СЕКТОР“

Во понеделник, на 13 март 2023 година, во хотелот „Аполонија“ со почеток од 12 часот ќе се одржи Прес конференција на кој ќе биде претставен проектот „Иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор“ со акроним „IDEAS“, кој го имплементира Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија, во партнерство со Американското земјоделско училиште од Солун, Грција и Мрежата за рурален развој на РСМ од Скопје.
Воведни обраќања ќе имаат Градоначалникот на Општиона Гевгелија, Андон Сарамандов, како и Проект менаџерот Ристо Атанасовски, по што на присутните ќе им биде презентиран проектот „IDEAS“.
 
Овој проект се стреми да понуди решенија на идентификуваните предизвици преку промовирање на претприемништвото кај младите со цел да се создадат нови одржливи агро – бизниси. Помеѓу другото, тоа ќе се спроведува и со изучување и стекнување знаења за примена на податоци собрани од сензори, коишто податоци подоцна се анализираат од софтвер и се превземаат потребните активности за постигнување на посакуваните цели.
Активностите се спроведуваат како дел од проектот „IDEAS“ кој што е аплициран во Вториот повик на ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка “Грција – Република Северна Македонија, за програмскиот период 2014 – 2020” и е финансиран од Европската унија и националните фондови на земјите учеснички.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *