ПРЕД 24 ГОДИНИ ЗАПОЧНА БОМБАРДИРАЊЕТО НА НАТО НА СОЈУЗНА РЕПУБЛИКА ЈУГОСЛАВИЈА

WEB Телевизија во живо

На 24 март 1999 година започна бомбардирањето на НАТО на Сојузна Република Југославија (СРЈ), која се состоеше од Србија и Црна Гора, а чие бомбардирање траеше 78 дена од 24 март до 1 јуни 1999 година. Тоа беше второ поважно воено мешање на НАТО на просторот на поранешна Југославија по бомбардирањето на позициите на силите на војската на босанските Срби околу Сараево и во деловите на БиХ кои беа под окупација на српските сили, во операцијата „Намерна сила“ 1995 година.
 
Акцијата на НАТО е завршена по потпишувањето на воено-техничкиот договор за повлекување на југословенската војска и полицијата од Косово.
 
Штетата предизвикана по бомбардирањето на СРЈ е проценета на околу 30 милијарди долари. Вкупниот број на жртвите официјално не е објавен, а проценките се движат меѓу 1.200 и 2.500 загинати и околу 5.000 ранети.
 
Причината за почетокот на бомбардирањето на тогашната СРЈ, всушност се случувањата кои се одвиваа на Косово, каде што уште во 1996 година започна судирот на војската на тогашната СРЈ и Албанците.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *