ПОРАЗИТЕЛЕН ПОДАТОК – 90 ПРОЦЕНТИ ОД СВЕТСКАТА ПОПУЛАЦИЈА ИМА ПРЕДРАСУДИ КОН ЖЕНИТЕ

Речиси 90 отсто од светската популација има предрасуди кон жените, покажува студијата што ја објави Програмата на ОН за развој (УНДП). Mакедонија, иако не е опфатена со ова истражување, сепак како традиционална и конзервативна средина не е имуна на оваа појава. 

Мислењето дека мажите се подобри политички лидери или директори на компании од жените, дека студирањето е поважно за мажите отколку за жените, но и дека мажите треба да имаат приоритет на пазарот на трудот кога понудата на работни места е слаба го делат девет од десет лица во светот, вклучувајќи ги и жените, заклучува агенцијата на ОН врз основа на податоците од 75 земји.
Предрасудите се наjизразени во Пакистан, Kатар и Нигерија, а најдобро се позиционирани Андора, Шведска и Холандија.
 
Македонското општество важи за патријархално и конзервативно, така што и кај нас предрасудите кон жените се постојано присутни, иако последните години се добива впечаток дека тие се намалуваат.
Кај нас повеќе може да стане збор за стереотипи и предрасуди. Ние сме патријархално и конзервативно општество и прашањето за надминување на предрасудите кон жените е процес. Има напредок, но треба уште многу да се работи по прашањето на родовата еднаквост. Клучно треба да биде воспитувањето во семејството, односно децата уште од мали да се учат да не прават разлики врз основа на полот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *