ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА НА СЛИКИ НА ВЛАДИМИР ТЕМКОВ ВО ЛИКОВНАТА ГАЛЕРИЈА „АМАМ“

WEB Телевизија во живо

Во ликовната галерија АМАМ синоќа беше отварена изложбата на академскиот сликар м-р Владимир Темков, организирана од Дом на култура „Македонија“ – Гевгелија во соработка со НУ Музеј – Гевгелија.


Изложбата за отворена ја прогласи Јулијана Туриманџева, од ЈОУ Дом на култура „Иван Мазов-Климе„-Кавадарци. Таа, при тоа истакна:
„Оваа Изложба претставува традиционално претставување на творештво на Владимир Темков во последните неколку години, односнонеговиот најнов циклус наречен „виножито“, што подразбира спектар на бои слеани во платното, Но, насловот доаѓа од виното на Кавадарци, со своите прекрасни бои, вкусови, ароми, како и од житото од познатиот циклус на житните полиња. Сето тоа споено во едно дело, го создава виножитото.

 
Творештвото на Темков е интуитивно под впечаток на неговите внатрешни експресии кои се настанати при неговото соочување со убавините на природата, кои често се забележуваат на неговите слики.“
Преку дела Темков зборува за убавината на природата на Тиквешијата .Во неговите платна и графики ги изразува искуствата од детство, младоста, растење – се до денес. Во сликите се отсликуваат житата, растенијата, онака како ги доживува, вознесено, чудни разубавени, со голема важност. Тиквешијата е инспирација, таа е израз на убавина за Темков, а птиците се посебна тема во неговата уметност
Владимир Темков е роден во Кавадарци. Средно уметничко училиште, Педагошка академија и Факултет за ликовни уметности завршува во Скопје, каде и магистрира. Реализирал бројни самостојни изложби во земјата и во странство, а бил дел и од голем број на групни претставувања.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *