НАРЕДНИТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ ИЗМЕНЕТ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА УЛИЦАТА „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“

Градежната фирма „Жикол“ продолжува со изведбените работи за изградба на атмосферска канализација на улицата „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија. За таа цел, се известуваат граѓаните дека во периодот од 6 до 21 март, од 08:00 до 16:00 часот, улицата ќе биде блокирана за одвивање на сообраќај.
 
Општина Гевгелија апелира до граѓаните да го пренасочат сообраќајното двиежење по околните улици, односно лево и десно ако се доаѓа откај зградата на Општина Гевгелија кон „Јосиф Јосифовски“, а доколку се доаѓа откај кружниот тек на Старата касарна по улицата „Јосиф Јосифовски“ да се пренасочат право кон улицата „Ристо Бојмалиев“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *