НА ТРКИТЕ НА 5 И 10 КМ. ВО КАТЕРИНИ УСПЕШЕН НАСТАП НА 43 ЧЛЕНОВИ НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“

WEB Телевизија во живо

АТАНАС ЕПОВ ВТОР НА 5 КМ, ВО ПРВИТЕ 10 УШТЕ И МАРЈАН ТУРТУРОВ И НИКОЛА КОВАЧЕВ. РИСТО ЧАЛКОВ ДЕСЕТТИ ВО ГЕНЕРАЛЕН, А ПРВ ВО КАТЕГОРИЈА НА 21КМ, A ВЛАТКО СЕМЕНАКОВ ШЕСТИ
 
Пораки за мир годинава испратија над 700 спортисти од сите возрасти кои денес, недела на 19 март учествуваа на 12-та трка на А.П.С. Pieria Runners „ZEUS“: „KATERINI RUN 2023“.
Меѓу нив се најдоа и 44 членови на АК „7-Ми Ноември“. Настанот вклучуваше трка на 21.100 метри, трка за здравје и динамично одење од 5.005 метри, како и трка на 1.000 метри за деца под 12 години.
 
Сите пријавени тркачи од гевгелискиот клуб ги завршија трките со солидни резултати.
Најуспешни на 5 километри беа Атанас Епов, кој го освои второто место, а меѓу првите десет се пласираа и Марјан Туртуров, Никола Ковачев и Влатко Семенаков.
Во трката на 21 километар Ристо Чалков го освои десеттото место во генерален пласман а прв во својата категорија.
Почеток и финишот на трката, која поминува низ најпопуларните места на Катеринис беше плоштадот Елефтерија, со планината Олимп во позадина.
 
Списокот на сите атлетичари од гевгелискиот клуб „7-ми Ноември кои зедоа учество на „Катерини Ран 2023:
Благојче Темелковски (21 км), Драган Ристов (21 км), Мијалчо Андоновски (21 км), Магдалена Јованова (5 км), Атанас Епов (5 км), Александра Крајчева (5 км), Дарко Прошевски (21 км), Влатко Семенаков (21 км), Никола Ковачев (5 км), Андон Дучков (21 км), Никифор Џалев (5 км), Влатко Димов (5 км), Никола Нанчев (5 км), Петар Лешев (5 км), Живко Петков (21 км), Димитар Ангов (5км), Игор Коцевски (5 км), Ристо Чалков (21 км), Виолета Куцирова (5 км), Марина Прошева (5 км), Томе Каркалашев (5 км), Иван Мичов (5 км), Никола Мичев (5 км). Николчо Костадинов (5 км), Мики Петровски (21 км), Ангел Арнаудов (21 км), Зоран Иванов (21 км), Дијана Ѓоргиева (5 км), Ангел Делиќ (5 км), Трајче Арџанлиев (5 км), Горан Семенаков (1 км), Стојан Делев (21 км), Марјан Туртуров (5 км), Кристијан Прошевски (5 км), Филип Јованов (5 км), Дарко Арнаудов (21 км), Горан Јованов (5 км), Стојан Дојчинов (5 км), Васко Проданов (5 км), Теодор Граматиков (5 км), Ѓорге Чучанов (5 км), Кимо Арнаудов (5 км), и Митко Лешев (1 км)

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *