НА ПЕТТИОТ ФЕСТИВАЛ НА АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ ВО ЗЕНИЦА, „ЗЛАТНИ ЧОКАЊ 2023“ РИСТО МИОВ ОСВОИ ДВЕ ДИПЛОМИ ЗА СВОЈАТА РАКИЈА

На Петтиот фестивал на жестоки алкохолни пијалоци , кој се одржа на 18 февруари 2023 година во Соколскиот дом во Зеница, гевгеличанецот Ристо Миов освои две дипломи за својата ракија. На овој реномиран фестивал беа пријавени 277 натпреварувачи со 622 примероци од 148 градови од целиот Балкан, Европа, Австралија и Америка, што е навистина импресивна бројка. 

Категориите на ракија во кои се вршеше проценка на квалитетот беа: Овошна ракија, Јаболкова ракија, Ракија направена од друго овошје и шумско овошје, Ракија направена од грозје, Специјални ракии и Ликери.
 
Здружението Златни Чокањ е основано во Зеница во 2019 година со цел да го развие локалното претприемништво преку земјоделството. Визијата на здружение е дека преку локалниот развој на земјоделството, кој вклучува голем број мали производители, тие да бидат одржливи и да понудат квалитетни домашни производи на пазарот, со што на корисникот му се дава производ со врвен квалитет, а на производителот место на пазарот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *