НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА „ДЕНОТ НА ПИЈАНОТО“ ВО БИТОЛА НАСТАПИЈА И УЧЕНИЦИ ОД ООМУ „ВАСО КАРАЈАНОВ“

WEB Телевизија во живо

На 25-ти март, во организација на Здружението на пијанисти и музички педагози ПИЈАНО, во прекрасна атмосфера во Офицерскиот дом во Битола , со почеток од 12 часот се одржa спектакуларен Пијано Викенд во чест на прославата на Денот на пијаното, 27 март, со учество на 50 млади музички таленти од 8 музички училишта низ државата, Охрид, Струга, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје и ООМУ „Васо Карајанов“ – Гевгелија.
 
„Нашето училиште се претстави со учениците Благоја Стоев и Јована Дупарова во класата на проф. Александар Лазаров и Душко Димитров и Илија Димов во класата на проф. Влатко Сапламаев.
Настанот беше збогатен со предавањето на психолог Нина Тасевска на тема “Улогата на наставникот во надминување на психолошките предизвици при јавен настап”, како и настап на триото „Трифоника“ – пијано 6 раце. Организацијата беше исполнета со дружење, споделување искуства, како и заедничко музицирање на младите таленти од целава држава, “ни соопшти директорката Сузана Стефанова.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *