НА 3 МАРТ 1822 МАКЕДОНЦИТЕ ОД НЕГУШ, ВОДЕНСКО, ЗАЕДНО СО ВЛАСИТЕ И ГРЦИТЕ ГО КРЕНАЛЕ НЕГУШКОТО ВОСТАНИЕ

WEB Телевизија во живо

Поттикнати од почетниот успех на грчкото востание (1821), Македонците кои живееле во Негуш и околните села, измешани со Власи и Грци, на 3 март 1822 кренале востание. Востанието претставува предвесник на разгорувањето на националноослободителното движење на македонскиот народ.
Востанието избувнало во западниот дел на Солунското Поле во градот Негуш и во околните воденски села.
 
Македонците од овие краишта помогнати од своите сожители Власи и Грци востанието го кренале под раководство на Атанас – Каратасе (Македонец, познат и како Караташо или Каратошо) и Ангел Гачо (Влав), а учество зеле и ајдутските војводи Зафиракис Логотет и Дијамандис.
 
Востанието започнало со напад на османлискиот гарнизон во Негуш, кој бил уништен, а градот бил ослободен. Востаниците формирале и Воен штаб. Заземањето на Негуш придонело на востаниците да им се придружи населението од Држилово, Лозица, Граматиково, Катраница и други населени места. Востанието се ширело и кон Воден и Костур, зафатило и многу села по реката Бистрица. Бројот на востаниците се зголемувал.
Османлиските власти стравувале од напад врз Солун.
 
Против востаниците била испратена редовна војска под команда на Лабуд-паша. Востанието било задушено. Поради турските жестокости врз месното население настанало општо бегање и раселување на луѓето од овие краишта. Околу 30 млади негушанки и невести со деца за да не паднат во рацете на османлиите се фрлиле во водите на реката Арапица. Самите водачи на востанието, Атанас Караташо и Ангел Гачо, со дел од востаниците се префрлиле во Грција и таму зеле активно учество во Грчкото востание, кое било во тек.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *