НА 1 МАРТ 1913 ГОДИНА ВО ПЕТРОГРАД Е ОБЈАВЕН МЕМОРАНДУМОТ ЗА НЕЗАВИСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

WEB Телевизија во живо

На 1 март 1913 година Во Петроград е објавен и издаден Меморандумот за независноста на Македонија од страна на ополномоштените Македонци, членови на МНЛД. Меморандумот е испратен до британскиот и до рускиот министер за надворешни работи, амбасадорите на големите сили и е објавен во европскиот печат. 

Во прилог на овој меморандум, Димитрија Чуповски ја изработил и ја објавил политичко-географската карта на Македонија во нејзините природни, географски, етнички и економско-стопански граници насловена „Карта Македонија“ со поднаслов „по програма на македонските народници“. 

Во меморандумот, кој е своевиден прв јавен настап на „ополномоштените Македонци“ пред светската јавност, се изложува и истакнува борбата на Македонците за својата слобода и држава, со акцентирање на учеството на Македонците во Првата балканска војна како рамноправна војувачка страна.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *