МАЖИТЕ ВО ШОК. ЖЕНИТЕ СЕ ПОДОБРИ, ПОСИГУРНИ И ПОБЕЗБЕДНИ ВОЗАЧИ!

Мажите се во шок. Според најновите истражувања, жените се подобри возачи од мажите.
Најново истражување покажува дека жените се посигурни и побезбедни возачи кои прават помалку автомобилски несреќи.
 
Истражувањето покажало дека жените се значително попримерни во почитување на законите, па само 5% од жените добиле казна за брзо возење, додека 1% од жените возеле под дејство на алкохол. Кај мажите таа приказна е малку поинаква, бидејќи 24% од мажите добиле казна за брзо возење, а 5% за возење под дејство на алкохол.
 
Да се биде жена возач, денес во 21 век, не е ниту привилегија, ниту демонстрирање на општествен статус, ниту културен манир или моден детал, туку едноставно, тое е потреба и сериозна обврска. Динамиката на живеење и секојдневните и бројни обврски кои современата жена треба да ги исполни во еден работен ден и во рамките на семејството ја прават жената сигурна, цврста, решена, упорна и успешна во сите сфери на општествено живеење, па и во возењето, велат од РСБСП.
 
Честитајќи го меѓународниот ден на жената, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот порачува да бидат внимателни и одговорни учесници во сообраќајот. – Мислете на себе, мислете и на другите во сообраќајот! Нека вашиот личен пример и личен придонес биде првиот чекор кон издигнување на безбедноста на сообраќајот на повисоко ниво. Вашата улога во семејството и општеството е незаменлива! Ништо и никој не може да ве замени како мајка, сопруга, другарка, партнерка, пријателка……….Чувајте се, за вас и вашите најблиски!, се пораките на РСБСП.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *