МАТУРАНТИТЕ БАРААТ ДА ИМ СЕ СКРАТИ МАТЕРИЈАЛОТ ЗА ДРЖАВНАТА МАТУРА

WEB Телевизија во живо

Дебата на тема “Државна матура 2023: што велат матурантите?” се одржа во организација на Организација за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС).
На дебатата на Организацијаѕа за дијалог и афирмација на средношколците и студентите се дискутираше за предизвиците со кои средношколците се соочуваа последниве четири години и за тоа како тие предизвици ќе влијаат на полагањето на државната матура.
 
Главниот заклучок на учесниците на дебатата беше дека тие како генерација немале ниедна целосна непрекината учебна година, и тоа се одразува на нивното образование. Во таа смисла дел од предлозите што произлегоа од дебатата беа намалување на обемот на материјалот предвиден за полагање на матура, изоставување на еден интерен предмет и слично.
Од ОДАС велат дека овие заклучоци ќе им бидат доставени на надлежните институции.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *