КОЈА БИЛА „БАБА МАРТА“ И КАКВО ВРЕМЕ НИ НОСИ?.ОВОЈ ИЗРАЗ СЕ КОРИСТИ ЗА ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ КОГА ЗА ТОА НЕ МУ Е ВРЕМЕ

Во март ќе имаме и дожд и сонце и снег.Последните денови од овој месец ќе завршат со невреме.
Во преданието од гевгелиско забележано од Стефан Верковиќ кога бабата Марта рекла: „Трш, козо на планина! Да му се серум на дедут Сечко на брадина!“ дедото Сечко рекол: „Мила Марто! Мила сестро! Мила мајко! Ти се мољум, ти са клајнум, уште две дни да ми даиш да држум, как сакум, така да правум, (стара баба). Дните да са твој, пувељта да е моа!“ Тоги фатило зима, виавици, лапавици. Бабата от стут измрзнала и са мраморисала заедно сус козјте. Ду денеска на планината бабата суштествува мраморисана коту чешма, сус фурка на појсут, а којзте спили“.
 
Според народните верувања, Баба Марта е олицетворение на пролетта, повторното прашање, новите желби и неопходност на усогласеност со природата и со животот на луѓето. Кога го нема тоа , таа на земјата испраќа снег за да ги опомене луѓето дека треба да внимаваат на однесувањето. Колку често во животот, особено од постарите, сте го чуле изразот Баба Марта, а всушност и не знаете што значи тоа!? Станува збор за митолошко суштество, чиешто име настанало како персонификација на месецот март и неговата променлива природа и нередвидливи метеоролошки појави.
 
Баба Марта, всушност, во секојдневниот говор се користи за временските незгоди кога за тоа не е време, а изразот го употребуваат речиси сите словенски народи. Имено, во периодот кон крајот на март и почеток на април често ненадејно знаат да задуваат ветришта и да падне снег кога за тоа не е време, а за таквите временски околности се употребува едноставен израз – Баба Марта.
 
Во текот на месец март честа тема за разговор меѓу луѓето е времето. Променливите денови, студот, сланата и мразот што се закануват да ги уништат материјалните добра предизвикуваат страв и неизвесност кај нашиот човек кому земјоделството, сточарството и овоштарството му се основни извори на егзистенција.
Поголем број македонски народни пословици, верувања, преданија се однесуваат на времето и посебно на месеците сечко (февруари) и март. Нашиот народ вели: „Не менувај се од зборот како времето во Марта“, или: „Се стуштил како марта“ што зборува за непостојаното, пред сè, лошо време во овој месец.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *