КАКВА ТРАГЕДИЈА СЕ КРИЕ ВО ЕМОТИВНАТА „TEARS IN HEAVEN“ НА ЕРИК КЛЕПТОН?

WEB Телевизија во живо

Дали би го знаел моето име, ако те видам на небото? Дали би било исто, ако те видам на небото? “ прашуваат стиховите на „Солзи во рајот“, емоционално напишана хит-песна од маестрото на гитара, Ерик Клептон.
Објавена во 1991 година, таа песна влезе во топ 10 во повеќе од 20 земји и освои Греми за песна на годината, албум на годината (Unplugged) и најдобра машка поп-вокална изведба.
 
Иако постигна неверојатен меѓународен успех, создавањето на песната, како и на многу популарни балади, беше под силно влијание на емоционалната состојба на нејзиниот творец. За Клептон, тоа произлезе од болката по случајната смрт на неговиот 4-годишен син Конор, и тоа е преточено во песна со многу големо чувство на загуба, болка на срцето и тагата на еден очаен родител.
 
Синот на Клептон со неговата поранешна девојка, италијанската актерка Лори дел Санто, си играл во станот во Њујорк, во кој во тој момент се наоѓала неговата мајка, тоа трагично утро на 20 март 1991 година. Конор случајно паднал преку отворениот прозорец од нивниот апартман на 53-от кат на хотелот во Њујорк . Клептон во тој момент престојувал во еден друг хотел во близина и се подготвувал да го земе Конор за да заминат во посета на зоолошката градина во Централ Парк.
Слушнете го Клептон, солзите сами ќе ви потечат.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *