ИАКО KК „КОЖУВ“ ГО ЗАГУБИ НАТПРЕВАРОТ ГИ „ДОБИ“ ПОВТОРНО СВОИТЕ ВЕРНИ НАВИВАЧИ „ФАНТОМИ“

WEB Телевизија во живо

Вчерашниот натпревар меѓу Кожув и Еуро Никел во салата „26 Април“, иако домаќините го загубија со два поени разлика во самиот финиш, сепак донесе многу емоции кај навивачите на домашниот тим и воопшто сите гевгеличани.
„Секоја чест за нашата навивачка група “Фантоми Север ” кои ни приредија прекрасна атмосфера на денешниот натпревар, бодрење сите 40 минути!! Секоја чест и за истакнатиот дрес во чест на прерано починатиот Иван Пенов , кога застана се за миг во шестата минута од натпреварот!! Огромнa подршка и покрај поразот на денешниот натпревар , салата 26ти Април продолжи да грми од грлата на Фантомите!! Овој пат не успеавме да ве израдуваме но ќе го направиме тоа час поскоро!! Браво Фантоми браво Гевгелија!!, стои на ФБ страната на кошаркарскиот клуб „Кожув“
 
Гевгеличани по доаѓањето на Александар Јончевски го кренаа нивото на игра, победија на четири натпревари во серија, но на таа низа ѝ дојде крајот. Еуро Никел успеа да извојува тесна победа од 77-75.
Прашањето околу победникот во салата „26 Април“ во Гевгелија се реши во последниот период. Резултатот гласеше 59-62 на шест минути пред крајот, а потоа Планиниќ имаше своја симултанка и го вивна тимот на Самарџиев кон триумфот.
Најдобар кај стрелците беше Балмазовиќ со 19 поени, пред Планиниќ со 16, а Соколов постигна 15 поени, додека кај Кожув, Гордон постигна 22 поени, пред Главчев и Штерјов со по десет поени.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *