ГОРДАНА ПЕТРОВА СО СВОЕ ДЕЛО УЧЕСТВУВА НА ИЗЛОЖБАТА НА ДЛУМ НАСЛОВЕНА „СОВРЕМЕНА СКУЛПТУРА

WEB Телевизија во живо

На 23 март во Скопје, во просториите на галеријата „АРТ ХАБ“ свечено беше отворена изложбата на ДЛУМ со наслов „СОВРЕМЕНА СКУЛПТУРА“. На оваа изложба, која е дел од програмските активности на друштвото и е можност за групно претставување на поновите истражувања и идеи во рамки на современата скулптура, со свое дело учествува гевгелиската вајарка, Гордана Петрова.
 
Поставката на изложбата, која ја отвори Претседателката на ДЛУМ, Јана Манева-Чупоска ја сочинуваат 22 дела од 19 автори: Гордана Петрова, Димитар Филиповски, Нела Јанковска, Стефан Јакимовски, Слободан Милошески, Стефан Анчевски, Озбет Ајваз, Марјана Костојчиновска Узунчева, Златко Бојковски, Анѓел Димовски Чауш, Тања Миљоска, Душан Ѓоргиевски, Ненад Тонкин, Синиша Новески, Сашо Саздовски, Маја Танева, Никола Смилков.
 
„Уметниците истражуваат и експериментираат низ формата и изразот, а нивните креативни авантури се материјализираат преку финалниот облик на идејата. Низ делата се забележува класична употреба на материјали во процесот на лиење (бронза, алуминиум), обликување на метал (инокс), комбинирани техники во метал, жица, обработка на мермер и дрво, но и бетон, пластика, текстил, готови предмети, еколошки пристап на рециклирање и други материјали,“ истакна на отворањето Манева-Чупоска.
 
Секоја година семејството Митриќески доделува награда за најдобра скулптура, која оваа година ја доби скулпторот Сашо Саздовски.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *