ФЕВРУАРИ ТОПОЛ И ЕКСТРЕМНО СУВ МЕСЕЦ , НАЈВИСОКАТА ТЕМПЕРАТУРА ЗАБЕЛЕЖАНА ВО ГЕВГЕЛИЈА 22,8 СТЕПЕНИ

УХМР соопшти дека годинашниот февруари е просечен до топол и екстремно сув месец во споредба со многугодишните просечни вредности, согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во државава.
-Месечната температура се движеше од -0,2 степени во Берово до 6,6 степени во Гевгелија. Средната максимална температура варираше од 6,0 степени во Маврово до 13,8 степени во Гевгелија. 

Највисоката максимална температура беше измерена на 19 Февруари во Гевгелија и изнесуваше 22,8 степени. Забележени се високи максимални температури особено во период од 16 до 26 февруари, кога е забележен продор на топлотен бран на целата територија на државата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во февруари 2023 месечната сума на врнежи во државата изнесуваше од 1,4 мм во Гевгелија до 27,5 мм во Берово.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *