ЕТНОКОРЕОЛОГОТ БОЈАН ПЕТКОВСКИ ГО ПРЕТСТАВИ ПРОЕКТОТ „СКУТИНА, ФУТА, БОВЧА, ДИЉКА“ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Домот на културата „Македонија“- Гевгелија организираше на уште еден културен настан од областа на македонскиот фолкор и богата традиција. Синоќа, во Клуб-галеријата на Народниот театар , беше отворена Изложбата на етнокореологот Бојан Петковски: „Скутина, фута, бовча, диљка“
 
Во период кога традицијата е на изумирање мора да бидат елиминирани стереотипните форми на нејзина презентација и истата преку современите техники и методи да се доближи до поширокиот аудиториум. „СКУТИНА, ФУТА, БОВЧА, ДИЉКА“ е уште еднаш пренесена пораката за комплементарност меѓу суровата традиција и современите текови за презентација како темел за зачувување на културното наследство, истакна авторот на оваа интересна презентација, Бојан Петковски и продолжува
 
– Кон крајот на XIX век носијата била во својот полн сјај, карактеризирајќи се со слоевитост во облековните елементи и накитот. Фактот дека носијата е комплетна конструкција сочинета од низа облеки иницира давање акцент на секој засебно. Овој проект фрла светлина врз скутината. Првата визуелна средба меѓу носијата и гледачот прави гледачот секогаш да го насочи своето внимание на скутината. Централно поставена, генерално во големи димензии, таа чини голем дел од целокупната слика на носијата. Во скутините се напластени основните човекови потреби, но и низа скриени знаци.
„Ѓурѓово лето“ „Пуни вода Јано“, „Врбо врбичице“ и „Потрчана“ беа изборот за вокално инструменталниот перфорамнс.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *