ДИМИТАР МАЏУНКОВ И ОГНЕН ТОДОРОВ ПРВИ, САШЕ ТРАЈКОВ ТРЕТ НА МОТО КРОС ТРКАТА ОД ДРЖАВНИОТ ШАМПИОНАТ НА ПАТЕКАТА „МИЛЦИ“

WEB Телевизија во живо

Два дена од овој викенд, сабота, 25 март и недела, 26 март, повторно оживеа, после подолго време, мото-крос патеката кај „Милци“, според многумина една од најдобрите не само во Македонија, туку и пошироко. Благодарејќи на ентузијастите од „Motocross club Gevgelija“, гледачите, љубители на мото-крос трките, можеа да уживааат во трките во осум класи, кои се бодуваа за Државниот мото-крос шампионат.
 
Екипата на „ Motocross club Gevgelija“, која заедно со Моторциклистичката федерација на Македонија беа организатори, не само што добија пофалби за се што направија за одржување на оваа трка, туку се закитија и со три освоени медали.
Во класата МХ2 јуниори, првото место го освои Огнен Тодоров, во класата МХ најдобар беше Димитар Маџунков, додека во класата МХ1 како третопласиран заврши Саше Трајков.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *