ДЕНЕС Е СВЕТСКИОТ ДЕН НА СРЕЌАТА

WEB Телевизија во живо

ФИНЦИТЕ СЕ НАЈСРЕЌНИ, МАКЕДОНЦИТЕ СЕ МЕЃУ НАЈНЕСРЕЌНИТЕ ЛУЃЕ НА СВЕТОТ.
 
Освен што е прв ден на пролетта , денес е светскиот ден на среќата. Предлогот за одбележување на Светскиот ден на среќата секој 20 март беше прифатен едногласно во ОН – сите 193 земји-членки гласаа за и ја усвоија резолуцијата 66-281.
 
Целта е да се подигне свеста за важноста на потрагата по среќа и благосостојбата на светското население, имајќи предвид дека стремежот за среќа е основна човечка цел . Резолуцијата препорачува правилен и избалансиран економски раст заснован на одржлив развој.
 
Во изборот од 146 земји, Финска по петти пат по ред е прогласена за најсреќна земја во светот. Северноевропските земји како Финска, Данска, Исланд, Шведска и Норвешка се на врвот, Македонија е на 94-то место според скалата на среќата, и заедно со Албанија(93) се на дното во регионот.
 
Зошто се Финците најсреќен народ?
 
Одговорот можеби е поедноставен одошто мислиме. Прво и основно, и покрај долгите зими и угледот на нивните жители да бидат осамени, нордиските земји имаат многу висок животен стандард. Второ, кај нив добро функционираат јавните услуги, трето имаат најубава природа, шуми и езера каде што го поминуваат викендот и на крај, што покажуваат огромна солидарност и борба против сиромаштијата

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *