БИБЛИОТЕКАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ГО РАСПИША КОНКУРСОТ ЗА ПОЕТСКИ ТВОРБИ ОД РОДНОКРАЈНИ АВТОРИ ВО СКЛОП ЗА „МЕТРИЧКИ КАРВАН 10“

Во пресрет на изготвувањето на 10-то, јубилејно издание на стихозбирката „Метрички карван“, каде годинава ќе бидат објавени дела од поети и поетеси од гевгелискиот и кочанскиот крај, ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ Гевгелија објавува Конкурс за поетски творби од роднокрајни автори кои живеат/потекнуваат од територијата на општина Гевгелија или се на друг начин поврзани со Гевгелија и гевгелиско.

Заинтересираните да испратат по 3 необјавени поетски творби на e-адресата bibliotekagevgelija@yahoo.com, заедно со кратка биографија и фотографија.

Поетските творби, заедно со биографијата да бидат внесени во еден .doc фајл, фонт Times New Roman со големина на фонт 12 и проред 1.15.
 
Темата е слободна, а рокот на испраќање на творбите е до крајот на март.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *