АНСАМБЛОТ „БОЈМИЈА“ ЌЕ НАСТАПИ НА ФЕСТИВАЛОТ „ТОДОРИЦА 2023“

Свети Николе утре, сабота, 4 март 2023 година, со меѓународен фестивал на изворен фолклор, ќе го одбележи празникот на градот Тодорова сабота. Фестивалот почнува со прием кај градончалникот Сашо Велковски, продолжува со дефиле на учесниците низ градот, по што настаните продолжуваат во кино салата во Домот на културата „Крсте Мисирков“. Во програмата учествуваат групи кои негуваат изворен фолклор од Македонија, Бугарија и Србија, Фестивалот има натпреваруваки карактер.
 
Меѓу нив, ќе настапат и играорците од Ансамблот „Бојмија“, кои во 2018 година ја освоија и првата награда на овој реномиран фестивал
Празникот Тодорова сабота или кај народот познат како Тодорица во Свети Николе се слави од памтивек, во чест на Светиот Великомаченик Теодор Тирон . Односно не постојат записи, меѓутоа како и секое населено место што имало определен празник кој го славеле и на кој се одржувал панаѓур и народен собор, така и Свети Николе години наназад го слави овој верски празник.
 
Општина Свети Николе има богата фолклорна традиција која истовремено претставува и богато македонско творештво кое со своите автентични вредности има и светско значење. Со отпочнување на Фестивалот Тодорица, општината прераснува во вистински центар на изворниот фолклор, вклучувајќи различни етноси од Македонија и пошироко. Во периодот од 1973-1987 година, Свети Николе преку КПЗ е организатор на манифестацијата „Фолклорни смотри“ каде што биле опфатени сите општини од источниот регион, на кој автентично се презетира македонскиот изворен фолклор. Подоцна овој настан прераснува во фестивал на изворен фолклор кој во 2013 година се здобива со епитетот меѓународен, со учество на фолклорни ансамбли од странство.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *