80 ГОДИНИ ОД ДЕПОРТАЦИЈАТА НА 7.144 МАКЕДОНСКИ ЕВРЕИ OД СТРАНА БУГАРСКИОТ ФАШИСТИЧКИ ОКУПАТОР ВО ТРЕБЛИНКА МЕЃУ КОИ И 14 ЖИТЕЛИ ОД ГЕВГЕЛИЈА

Еврејската заедница во Република Македонија денеска ja одбележува 77-годишнината од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во нацистичкиот логор Треблинка. Меѓу нив имало и 14 членови од три семејства од Гевгелија.
Според истражувањата на д-р Владо Картов, во Гевгелија Евреите пристигнале во почетокот на осумдесеттите години на 19. век. Како трговци по занимање тие веројатно биле привлечени да дојдат во градот по изградбата на железничката линија Скопје-Солун и тука во Гевгелија да отворат свои трговски продавници. 

Тие дошле од Солун, каде што се доселиле многу одамна, по делувањето на Инквизицијата во 16. век. Солунските Евреи, како и доселените во Гевгелија, припаѓале на групата Сефарди. Сефардите се Евреи, потомци на прогонетите од Шпанија за време на инквизицијата во 15 век. Тие масовно се раселиле низ Европа, главно на териториите под османлиска власт, вклучително и во нашата земја во која формирале организирани еврејски општини.Нивните живеалишта во Гевгелија биле лоцирани западно од денешната зграда на Градската библиотеката во правец на главната улица. Во целина, имало две-три семејства кои исклучиво се бавеле со трговија на прехранбени и колонијални продукти, а продавниците, како и куќите, им биле на самата главна улица.
 
Евреите во Гевгелија се задржале сe до 11. март 1943 година, кога во раните утрински часови биле собрани од бугарската фашистичка полиција и со воз транспортирани во фашистичкиот логор во Треблинка во Полска. Познати еврејски семејства во градот биле семејствата Бразилај и Ишула, со вкупно 14 членови. По војната во спомен на сограѓаните-Евреи, на 11. ноември 2000 година, на објектот на поранешната Градска аптека, била поставена спомен-плоча со испишаните имиња.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *