70 ГОДИНИ ОД ПРВАТА ОРГАНИЗИРАНА АКЦИЈА ЗА ДОБРОВОЛНО ДАРУВАЊЕ НА КРВ ВО МАКЕДОНИЈА

Во 1952 година, со одлука на владата на НРМ, Републичката станица за трансфузија е прогласена за ЗАВОД ЗА ТРАНФУЗИЈА НА НРМ. 
Прв директор е Д-р Мико Карчовски. 
 
Заводот се поврзува и воспоставува соработка со Народниот фронт, АФЖ, Сојузот на борците, Младинската организација, Црвениот крст, Санитетската служба на ЈА, со цел да се спроведува организационата и здравствено-воспитна работа за мотивирање на населението за дарување крв.
 
Во 1953 година Црвениот крст на Југославија се ангажира околу масовување на крводарителството. На 5 Март 1953 година, во Македонија се спроведени првите акции за дарување крв по новоутврдените принципи на ДОБРОВОЛНОСТ, АНОНИМНОСТ и БЕСПЛАТНОСТ. 
 
Еден од организаторите, покрај Црвениот крст на Македонија и Македонското лекарско друштво бил и Заводот за трансфузија. Истата година, помогнати од Белградскиот завод, почнуваат со работа и првите мобилни екипи кои се упатуваат во Титов Велес и Куманово. Во таа година бројот на крводарувања достигнува 3.756.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *