22 МАРТ- СВЕТСКИ ДЕН НА ВОДИТЕ. СЕКОЈА ГОДИНА ПОРАДИ НЕДОСТИГ НА ВОДА УМИРААТ 1,6 МИЛИОНИ ЛУЃЕ

WEB Телевизија во живо

На иницијатива на Меѓународната асоцијација на вода и УНЕСКО во1993 година, во многу земји во светот 22 Март е прогласен за Ден на водата.
Темата на овогодишниот Светски ден на водата е забрзување на промените за решавање на кризата со вода . И бидејќи водата влијае на сите нас, треба сите да преземат акција.
Тоа значи Вие!
 
Вие и вашето семејство, училиште и заедница можете да направите разлика со менување на начинот на кој ја користите, консумирате и управувате со водата во вашите животи.
Водата е скапоцена затоа што без неа нема да постои живот. И покрај тоа што изгледа дека на планетата Земја вода има во изобилство, факт е дека само помалку од 1% од водата на земјата е употреблива за пиење.
 
До средината на овој век дури седум милијарди луѓе ќе бидат соочени со недостиг на вода бидејќи бројот на жители на Земјата расте, а водените ресурси се намалуваат – алармираат експертите.
До 2025 година две третини од човештвото ќе почувствува сериозен недостиг на вода, предупредуваат експертите од Обединетите Нации.
 
Според најцрните прогнози се приближуваме до периодот кога ќе се војува поради питка вода бидејќи дури над една милијарда луѓе нема пристап до здрава вода за пиење, 2.5 милијарди немаат соодветен водовод и канализација, а секоја година поради недостиг на вода умираат 1,6 милиони луѓе.
Доколку сакаме сите да уживаме во нашите скапоцени резерви, мора да бидеме повнимателни како ги користиме.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *