Оваа година Црвениот крст на Република Македонија одбележува значајни 78 години од своето основање и 28 години од полноправно членство во Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина.
Црвениот крст на Гевгелија ќе организира Крводарителска акција по повод Денот на формирањето на Црвениот крст на Република Македонија и Ден на крводарителството во Република Македонија. Акцијата ќе се одвива во терминот од 10 до 16 часот во просториите на Народниот театар,
17 март е значаен ден за Црвен крст на Република Македонија, датум кој го одбележува постоењето, дејствувањето, а воедно и успехот на сите волонтери, вработени, поддржувачи и безброј активисти кои овозможија оваа организација да опстојува толку време низ годините.
Во изминатите 78 години Црвениот крст имаше голем број на активности кои придонесоа да се направи позитивна промена во животот на луѓето. Преку мрежата на општински организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје тие се дел од секојдневието на луѓето кои се соочуваа со разни предизвици,
Низ годините Црвениот крст даде посебен придонес во надминување на последиците од катастрофи, промовирање на безбедно живеење и спроведување на здравствено превентивни активности за заштита на животот и здравјето на населението, континуирано го промовираше крводарителството и ги учеше луѓето како да укажуваат прва помош.
И во овие тешки моменти кога нашата држава се соочува со големи предизвици по здравјето на населението, повторно Црвениот крст е таму каде е потребно.
Општинската организација на Црвениот крст од Гевгелија е формиранa на 10 март 1945 година и се до сега остварила илјадници акции на полето на крводарувањето и ублажувањето на човековото страдање, заштита на животот и здравјето, унапредување на социјалната состојба, обезбедувајќи почит и достоинство за човековото битие, а особено во случај на несреќи и катастрофи.