ВО ПОНЕДЕЛНИК ПОВТОРЕНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И АНКЕТА ЗА ДУП ЗА ПРОСТОРОТ ПОМЕЃУ УЛИЦИТЕ С.М. ДАНКО, БОРИС КИДРИЌ, МАРШАЛ ТИТО И 7 НОЕМВРИ

WEB Телевизија во живо

Општина Гевгелија организира повторена јавна презентација и јавна анкета за Детален урбанистички план, за Блок 1.2, Блок 2.1 и Блок 2.2, општина Гевгелија. Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на 27 февруари, 2022 година, во Народниот театар, со почеток во 12 часот. 

Деталниот Урбанистички план за Блок 1.2, Блок 2.1 и Блок 2.2, општина Гевгелија, ќе биде изложен во просториите на Одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина на Општина Гевгелија и јавната анкета ќе трае 5 работни дена, односно од 27.02 до 03.03.2023 година, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот. Исто така, објавен е и на веб-страната на Општина Гевгелија, во делот Соопштенија.
Деталниот-Урбанистички за Блок 1.2, Блок 2.1 и Блок 2.2, општина Гевгелија зафаќа површина од 24,24 ха. 

Предметниот плански опфат е дефиниран со следните граници:
– на север границата се движи по осовината на постојната сервисна улица „Слободан Митров Данко“,
– на исток продолжува по осовината на сервисната улица „Борис Кидриќ“,
– на југ се движи по осовината на собирната улица „Маршал Тито“ и
– на запад по осовините на станбените улици „Гевгелиски Партизански одреди“ и „7 Ноември“.
 
Во спомнатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени заблешки, предлози и мислења на анкетните листови кои можат да ги подигнат во Одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина при Општина Гевгелија или преку информацискиот систем е-урбанизам.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *