ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА ПРВА КАЈ +50 И ОСМА ВО ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН НА „ЧУПИНО ВЕРТИКАЛ 2023“

Во неделата, на 26 февруари, на планината Плачковица се одржа трката „Chupino winter vertical 2023“. Tрката беше со должина од 5500 м. и висинска разлика од 1030 м. Стартот беше од центарот на с. Блатец во 10:00 часот, а финишот на врвот Чупино, Плачковица, без временско ограничување. На трката учество зедоа 94 натпреварувачи во женска и машка конкуренција од Македонија, Србија, Косово и Бугарија.
На оваа трка од Гевгелија настапи единствено членката на ЗПСК „Кожуф“, Валентина Узунова. Со време од 1 час и 15 минути, во конкуренција на +50, таа го освои првото место додека беше осма во генералниот пласман.Нејзиното време е за 14 минути подобро од она што го постигна минатата година, а, како што ни рече, нејзина цел е да трча околу 1 час.
„Чупино вертикал“ е трка во дисциплината вертикален километар, во која натпреварувачите искачуваат околу 1 км. висинска разлика во должина од максимум 5 км. со дозволена отстапка од 5-10%.
Настанот има голема подршка од Општина Виница и голем број на компании кои учествуваат со спонзорство и доброволно помагање во одржувањето на настанот. Ова е спортско случување кое ја обележува Виница на спортската мапа на Балканот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *