ТУРИСТИЧКИТЕ ПОТЕНЦИЈАЛИ НА ГЕВГЕЛИЈА ПРЕТСТАВЕНИ НА 44-ОТ САЕМ ЗА ТУРИЗАМ ВО БЕЛГРАД

WEB Телевизија во живо

Оваа година, Општина Гевгелија повторно учествуваше на 44. Меѓународен саем за туризам во Белград, Република Србија, кој се одржа од 23 до 26 февруари. Директно беа остварени средби со голем број потенцијални и заинтресирани туристи. Минатата година, првите чекори беа направени со присуство на 43. Меѓународен саем за туризам.
 
Изминатиот период, Градоначланикот заедно со сите чинители во Гевгелија посветија посебен фокус за да Гевгелија го создаде својот туристички идентитет. Исто така, Гевгелија годинава беше единствената општина која се претстави со свое туристичко лого „Gevgelija Spice up the journey“.
 
Туристичкиот идентитет на Општина Гевгелија е основниот предуслов за поголема туристичка промоција на нашето поднебје и поголема искористеност на туристичките капацитети и потенцијали. Голем дел од изработените промотивни материјали, кои вклучуваат: маици, флаери, брошури, сувенири, магнети, беџови и промотивни торби, беа дел од понудата за овогодинешниот Саем.
 
Гевгелија е погранично место низ кое поминуваат голем број транзит туристи. Целта на Локалната самоуправа е заедно со туристичките чинители да привлече што поголем број посетители. А, на оние кои застануваат да им се понудат потенцијали да го продолжат својот престој.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *