ТЕАТАРОТ „ЗЛАТЕН ЕЛЕЦ“ СО ПРЕТСТАВАТА „ГРЕТА“ ПРЕД ГЕВГЕЛИСКАТА ПУБЛИКА

Театарот Златен Елец повторно гостува во Гевгелија, овојпат со изведба на претставата ГРЕТА, наменета за возрасната популација. Претставата ќе се игра на 02.03 2023 (четврток) со почеток од 19.30 часот во Дом на култура „Македонија“ – Гевгелија. Билетите ќе бидат пуштени во претпродажба од 27.02 2023 по цена од 150 денари.

Претставата “Грета“ е работена според Луц Хибнер и Јохан Волфганг фон Гете, а во режија на Тамара Стојаноска. Со „Грета“ раскажуваме приказна за театарот, за создавањето на театарски светови, за пробата и процесот, за актерите како душата на театарот, за односите на театарските уметници во еден процес. Ситуациите и ликовите што се претставени се модели земени од театарскиот свет, ликови кои што на сите театарџии ќе им бидат многу блиски и познати, а за оние кои не се во оваа професија, ова ќе биде како ѕиркање во една театарска приказна која што преку комедијата ќе води низ процесот на создавањето на една претстава. 

Сите ликови се обични луѓе со различни погледи, методи, принципи и поинаква љубов кон театарот и животот воопшто. Низ претставата се прикажани осум различни концепти за култната сцена со кутијата на Грета од „Фауст“ и двајца актери кои што ќе зборуваат за својата професија, за магичните, но и за оние тешки моменти со кој се судира секој театарски уметник. Театарот постоел илјадници години и ќе продолжи да постои и покрај тешкото време во кое се наоѓа, бидејќи ова е повеќе од професија, ова е начин на живот, чудна моментална магија на сцена која што не се повторува исто двапати.

 
Играат: Димитрина Мицкоска и Ане Блажовски.
Музика: Лука Тошев
Вокал: Дина Јашари
Дизајн на плакат, маски и портрети: Бојана Цилевска
Изработка на сценографија: Слободан Петрушевски
Извршен продуцент: Бобан Алексоски

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *