СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА ЗА УЧЕНИЦИ ОД СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ЗА ПОЕМАТА „НАСМЕВКИ НА ДУШАТА“ НА ПОЕТСКИ ФЕСТИВАЛ ВО ТРСТ

WEB Телевизија во живо

На Меѓународниот конкурс за поезија и театар “Замокот на Дуино” во Трст, Италија ученичките Боркица Ѓоргиева, Данче Стоименовска и Емилија Ванчева под менторство на професорките Тања Чугунцалиева и Емилија Дуганова при СОУ “Јосиф Јосифовски” од Гевгелија се наградени со специјална награда за училиштен проект со наслов: ” Насмевки на душата”. Оваа година фестивалот го доживува своето XIX издание, а свеченото доделување ќе се одржи на 18 март 2023 год во Трст, Италија.
 
Натпреварот се организира за млади, и прерасна до тој степен што Националната комисија на УНЕСКО (под чие покровителство се организира секоја година) го смета како најважен меѓународен натпревар резервиран за млади.
На него учествуваа илјадници млади поети од 90 земји од светот. Тоа е единствениот натпревар кој ги оценува песните на нивните оригинални јазици благодарение на полиглотното жири.
 
Конкурсот доделува богати парични награди и ги објавува победничките песни и 40 избрани песни секоја година во двојазична книга со снимка на сите наградени и избрани песни на сите изворни јазици.
Меѓународниот поетски и театарски натпревар Кастело ди Дуино е поддржан и од Светскиот младински форум Право на дијалог како составен дел од проектот Поезија и солидарност Јазик на народите.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *