РУСКИ ПСИХОЛОГ ТВРДИ ДЕКА РОДИТЕЛИТЕ ПРАВАТ ГОЛЕМА ГРЕШКА КОГА УЧАТ ЗАЕДНО СО СВОИТЕ ДЕЦА

WEB Телевизија во живо

Рускиот психолог Михаил Лабковски, кој последните 30 години ги испитувал односите меѓу родителите и децата, ги советува родителите дека прават грешка кога заедно ја пишуваат домашната задача и им ја подготвуваат чантата за на училиште. Можеби, тврди тој, на училиште ќе се добие позитивна оценка, но на подолг период може да се случи да го изгубите синот или ќерката.
Не плашете се од лоши оценки, тврди тој. Плашете се да не му го одмилите на детето училиштето и воопшто учењето. 
 
Причината зошто детето не може да учи и само да ги пишува домашните задачи може да биде од различна природа , зголемен интракранијален притисок, зголемен тонус на мускули, психолошки проблем, проблем со задржување внимание и хиперактивност. И наместо секоја вечер да седите со него над учебниците, подобро би било да се обидете да го дефинирате проблемот, а потоа и да најдете вистинско решение.
 
Како да го одбегнете сиот тој кошмар или барем да ги намалите последиците? Тој смета дека родителите треба да се фокусирате на љубовта и неминливите вредности. За не толку долго време, оцените и испитите ќе ви се изгубат од сеќавање и единственото важно нешто ќе биде дали сте ја сочувале блискоста, довербата, разбирањето, искрениот однос со вашето дете, тврди Лабковски

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *