ПРОЧКА – ДА МУ ПРОСТИШ НЕКОМУ,ТОА Е ВИСТИНСКО ДЕЛО НА ЉУБОВТА

WEB Телевизија во живо

Да ги избришеш сите навреди, лаги и клевети на другиот кон тебе е духовно херојство. Тоа е растоварување на двете души – и твојата и неговата
На сите да им простиме сè. Дури и на непријателите. Така Господ направил. Бог бара од нас да не бидеме никогаш во непријателство со луѓето и да немаме злопамтливост.
 
Денес е Прочка, еден од најголемите празници за нашиот народ. Се верува дека на овој ден небото и земјата се проштеваат, па тоа треба да го сторат и луѓето. Небото затоа што и згрешило на земјата со громови, марзеви, поројни дождови. А, луѓето затоа што секој некогаш греши, намерно или не, и никој не е безгрешен. Но, големината на верата е во проштевањето.
 
Прочка, всушност, може да се нарече и наш празник, празник на македонскиот народ затоа што овој народ најмногу проштевал и проштева. Ние сме со духот на Прочка, со дух на проштевање. Кому сè не сме му простиле и што сè сме претрпеле и пак сме простиле. Така сме правеле низ вековите, а така правиме и денес. Тоа е нашата евангелска определба. Таква е нашата душа. Таков е нашиот дух. Такво е нашето трпение и љубовта кон сите. Ваквиот христијански однос е вграден во нас, низ нашата вера и традиција. Така е воспитуван и така се воспитува македонскиот човек, усовршувајќи се во доброто.
 
Затоа луѓето, на овој ден треба да побараат прошка еден од друг. Притоа, секогаш помалиот бара прошка од постариот, децата од родителите, крштеникот од кумот, пријателот од пријателот.Откако трипати ќе се поклони помладиот му вели на постариот: „Прости ми!“, на што му се одговара „Простено да ти е и од мене и од Господ!“ Во некои делови на Македонија оној што бара прошка носи со себе портокал.
Проштевањето е духовен пост, кој треба да му претходи на телесниот пост. Духовниот треба да биде пред телесниот, како што е душата пред телото.
Понеделникот по Прочка се вика Чист Понеделник и тогаш започнуваат долгите Велигденски пости.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *